Настава

Во наставата се застапени сите наставни предмети од наставниот план:
Одделенска настава
Македонски јазик
Математика
Природни науки
Природа
Општество
Физичко и здр. образ.
Ликовно образование
Музичко образование
Англиски јазик
Запознавање на околината
Техничко образование
Изборен предмет
Работа со компјутери

Предметна настава
Македонски јазик
Англиски јазик
Втор странски јазик
Ликовно образование
Музичко образование
Математика
Физика
Хемија
Биологија
Географија
Историја
Граѓанска култура
Техничко образование
Физичко образование
Информатикa
Училишен хор
Училишен оркестар
Етика
Изборни предмети
Етика во религии
Запознавање со религии
Нашата татковина
Проекти по информатика
Истражување на родниот крај
Програмирање

 Дневен престој  
Покрај другите видови настава, новина во нашето училиште е и дневниот престој.

 Други видови настава
Од другите видови настава во нашето училиште се застапени:
Дополнителна настава. 
Дополнителната настава се изведува по потреба со учениците кои покажуваат слаб успех по соодветни наставни предмети во текот на целата учебна година.  Според тоа, дополнителната настава ќе биде во состав на програмата на задолжително 40-часовно работно време
Додатна настава.
Додатната настава се реализира со ученици кои во текот на редовната настава постигнуваат натпросечни резултати и и се потврдуваат со особена надареност и талентираност во одделни наставни предмети.  Наставниците посебно ќе ја истакнуваат важноста од идентификација, грижа и работа со надарените и талентираните ученици.  Додатната настава се реализира од 4-8 одд според програмата за задолжително 40-часовно работно време (односно со по 2 часа неделно, односно 72 часови годишно).
Во училиштето функционираат 7 стручни активи, според сродноста со предметите и проблематиката што ја третираат:
1.      Стручен актив – Одделенска настава 1-4 одд
2.      Стручен актив – Јазичари (Македонски, Англиски, Германски и Влашки)
3.      Стручен актив – Математика, Физика, Техничко образование и Информатика
4.      Стручен актив – Историја-Географија
5.      Стручен актив – Биологија-Хемија
6.      Стручен актив – Физичко, Музичко и Ликовно

Ликовна секција
Во нашето училиште активно работи ликовната секција (под раководство на наставничката по ликовно образование Славица Михаилова).  Како резултат на креативноста и оригиналноста на учениците освоивме голем број награди.  Како позначајна би ја спомнале наградата за учество на ученичката Брдаревска Христина од 6в одделение на конкурсот за графики во Торуњ – Полска.

Слободни ученички активности
Во училиштето постојат повеќе секции на слободните ученички активности. Секоја секција, во почетокот на учебната година, изготвува своја програма за работа и определува време за реализација на активностите. Во секциите членуваат ученици според својата желба и талент.
Во рамките на училиштето работат следните организации и секции:
Ø      Подмладок на Црвен Крст
Ø      Детска организација
Ø      Извидничка организација
Ø      Литературна секција
Ø      Новинарска секција
Ø      Рецитаторска секција
Ø      Драмска секција
Ø      Секции на странските јазици
Ø      Биолошка секција
Ø      Математичка секција
Ø      Историска секција
Ø      Географска секција
Ø      Еколошка секција
Ø      Музичка секција
Ø      Ликовна секција
Ø      Техничка секција
Ø      Спортска секција
Ø      Млади физичари
Ø      Млади хемичари
Ø      Фолклорна секција
Резултатите од работата на секциите и организациите се видливи на повеќе полиња. На организираните општински и државни натпревари тие се натпреваруваат со соодветни екипи и постигнуваат видливи резултати.

Comments are closed.